歌詞

Вино му се пие, а вино е скапо,
за ракија пари нема, а вода на сака.
За ракија пари нема, а вода не сака.
Море истерај го, ќерко, лудото од дома.
Не го терам, мори мамо, оти ми е мило.
Не го терам, мори мамо, оти ми е мило.
Во меана било, рујно вино пило,
се опијанало мамо, патот го грешило.
Се опијанало мамо, патот го грешило.
Истерај го ќерко, вечера немаме,
за лудо вечера мамо, пазар е правена.
За лудо вечера мамо, пазар е правена.
Моите црни очи - две буклии вино,
мојто бело лице, мамо - две бели погачи.
Моите бели гради - две бели галаби.
Ќе си повечера, мамо, и ќе го прогона.
Ќе си повечера, мамо, и ќе го прогона.
Вино му се пие, а вино е скапо,
за ракија пари нема, а вода на сака.
За ракија пари нема, а вода не сака.
това лудо, младо мамо, само мене сака.
Това лудо, младо мамо, само мене сака.
Written by: Народна, Сузана Спасовска
instagramSharePathic_arrow_out